23.09.2021

...

СУПЕРКУП 2021: Информација до клубовите-учесници

Со оглед на актуелната здравствена ситуација поврзана со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, и Протоколот за одржување на официјални натпревари во затворен простор (спортски сали), на средбите од Суперкупот кои ќе се играат на 25. септември (сабота), од 17, односно 19.30 часот, влезот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје ќе биде ограничен.

Согласно со постоечкиот капацитет на седишта во објектот, кој е лимитиран на 30% од максималниот.

Со одлука на федерацијата, клубовите учесници во Суперкупот, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички во машка, односно Баскет КАМ и Бадел 1862 во женска конкуренција, ќе добијат одреден број на влезници за нивни потреби.

Тимските акредитации и влезниците за натпреварите, клубовите - учесници ќе може да ги подигнат на 24. септември (петок), во просториите на КФСМ, во периодот од 12. до 16. часот.

НАПОМЕНА: Сите учесници на Суперкупот „Драган Василов Цевка“ при влезот во салата СРЦ „Кале“, ќе треба да приложат сертификат за извршена вакцинација како заштита од вирусот Ковид-19, и да го почитуваат Протоколот за организација на натпревари во затворен простор (спортска сала) на федерацијата.