Честа да ја отворат новата сезона во македонската клупска кошарка вечерва во СРЦ „Кале“ ја имаа двете најдобри екипи од ланската. шампионот, МЗТ Скопје го совлада ТФТ, бранителот на куп-трофејот.
И по петти пат во вкупно десет изданија на ова натпреварување, го освои победничкиот пехар.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 100:82
Актуелниот првак имаше многу подобар почеток на мечот кој го носи првиот пехар во новата сезона. Уште во раната фаза, избраниот тим на тренерот Александар Петровиќ се стекна со двојно повисоки (22:11).
И тој двоцифрен плус „сино-белите“ не само што го задржаа, туку до крајот на првата четвртина го зголемија
По десет минути игра, МЗТ Скопје Аеродром водеше со (29:14).
Само како најава дека се подготвени да го однесат во своите витрини уште еднаш пехарот наменет за најдобрата екипа во македонскиот Суперкуп.
Десет минути кои ги одбележа Дамјан Стојановски. Капитенот на „металците“ запиша исто толку поени на својето кошгетерско салдо.
Во исто темпо продолжи бранителот на шампионската титула. Прелесно стигнаа „аеродромци“ до уште поголеми (37:20), по нешто повеќе од три минути играње во втората четвртина.
ТФТ фати некој играчки ритам по првите одиграни минути од вториот период. Стигнаа „црно-белите“ до нешто понизок минус, (30:42), но долго време, неколку минути, тој резултат „остана на сила“.
Но во оние финалните од првото полувреме, МЗТ Скоје Аеродром ја врати „стандардната предност“, стекната во првата четвртина, поведе со (47:30).
Мајк Кафи беше вториот играч во екипата од Аеродром со двоен број на поени. Даде 12, односно еден помалку од Стојановски во тој прв дел од Суперкуп натпреварот во СРЦ „Кале“.
На другата страна, Страхил Николов имаше свои офанзивни моменти заокружени со реализација на 15.поени.
На полувреме, МЗТ Скопје Аеродром-ТФТ, (47:34)...
Она што го посакуваа, добар почеток на второто полувреме кошаркарите на ТФТ почнаа да го реализираат на теренот. Ја симнаа негативата на едноцифрена, (44:53), по нешто повеќе од три одиграни минути во продолжението. Но МЗТ Скопје Аеродром одговори брзо, прво со две тројки во серија на Кафи, за да ја врати сигурноста која ја носи резултатот. А беше повторно висок, потошно највисок, откако во поентерска серија влезе и Мичовиќ (трет двоцифрен играч), во нивна корист, (69:48), во 27.минута.
За „тајм-аут“ на Боро Смилковски, предводникот на ТФТ, екипата во која поените ги делеа, освен Николов, уште и Андерсон односно Доналдсон. Со нивна помош Куп-освојувачот одново се доближи, по три четвртини беше (63:73).
Не се откажаа во „бркањето“ на високиот минус. Со пет поени по ред, веќе беа на (68:73), аларм за Александар Петровиќ да ги собере своите играчи и да им подели совети како во последната четвртина.
„Нападот“ на ТФТ го сопре Мичовиќ, со својот 21.поен, го врати својот тим во многу „посигурни води“, водство од (80:71). За искусна екипа сосема доволно да го задржи, и да дојде до посакуваната цел – победата, до која со две тројки, реализирани во важни моменти, ги водеше Војдан Стојановски.
МЗТ Скопје Аеодром е освојувач на Суперкупот „Драган василов-Цевка“. Го одбранија „сино-белите“ пехарот освоен во ланското издание, па сега се далеку напред пред конкуренцијата – имаат пет наслови-најдобри во Суперкуп-натпреварувањето.