23.09.2023

МЗТ Скопје Аеродром имаше одлично второ полувреме во кое го скрши отпорот на Феникс 2010, за победа (76:54), и нов трофеј во витрините

СУПЕРКУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ 2023: МЗТ Скопје однесе уште еден пехар во Аеродром, по шести пат во историјата

Одлична увертира во новата сезона направи актуелниот бранител на домашните титули - МЗТ Скопје Аеродром.

Во натпреварот во кој го бранеа пехарот наменет за најдобрата екипа во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, беа подобри од екипата со која во изминатата сезона играа во финалето на Купот на Македонија, Феникс 2010. 

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010    76:54

Доста изедначено прво полувреме во одличниот амбиент гкреиран во СРЦ Кале“ креираа учесниците на Суперкуот „Драган Василов-Цевка“.

Доста „тврдо“ одиграа двете екипи во првите 20.минути, извесно и поради недоволната воиграност на двете страни, особено ако се земе в предвид дека и двата ривали направија голем број промени во оној играчки ростер во текот на летната пауза.

Па оттука, овој меч беше и „добредојден“ и за шампионот, и за финалистот на Купот на Македонија.

Резултатски гледано, Феникс 2010, беше екипата која креираше водство кое може да се опише како солидно.

Таков беше примерот, во 16.минута, кога Феникс 2010 поведе со (27:23).

Но МЗТ Скопје Аеродром направи, имаше подобар финиш во втората четвртина, доволно да направи и резултатски пресврт. Односно на полувреме да „понесе“ плус од исто толку поени (33:29).  

Но, се беше поинаку во второто полувреме...

Фуриозни пет минути имаа аеродормци во кои направија серија од (15-2) за повеќе од убедливи (48:31).  

Тешко доаѓаа избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ (не можеше да смета на капитенот Андреј Митревски), до поени во тој дел од играта. А кога веќе се стекнаа со двоцифрена предност, популарните „металци“ повеќе немаа намера да ја испуштат...

Крајот на третата четвртина, фаворитот во овој меч ја дочека со уште повисока позитива (60:44).

Како најава за новиот трофеј кој заслужено го носат во Аеродром, вкупно шести за МЗТ Скопје во историјата на ова натпреварување.

Немаше големи промени во играта во оние последни десет минути. „Сино-белите“ немаа намера да попуштат. „Притиснаа“ уште повеќе, пред се во одбраната. Го ограничија противникот на мал број на поени, што беше и клучно за конечниот резултат на премиерниотт меч од новата сезона во македонската клупска кошарка.

Војдан Стојановски го предводеше победникот, нов-стар, на Суперкупот, беше стрелец на 13.поени, Расел постигна 12, а Д.Стојановски, Ворку и Танасковиќ по осум.

На другата страна на теренот, кај Феникс 2010, со 18.поени, најефикасен беше Шакур. Џозеф додаде 12, а Трајковски и Каилекс имаа по девет поени.