23.09.2023 „Целите се јасни за нас оваа сезона, одиме на секој меч на победа и на домашната сцена и во АБА-2 и се надевам на успех“ МЗТ Скопје Аеродром го освои првиот трофеј во новата сезона. Во натпреварот од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ беа подобри од екипата на Феникс 2010 (76:54). За задоволство и во стручниот штаб на „сино-белите“, предводен од Васко Атанасов: „Имавме едно лошо прво полувреме во напад и во одбрана, но во вториот дел бевме доста подобри и дојдовме до посакуваниот трофеј. Честитки до мојата екипа за победата и за трофејот кој ни беше зацртан да се освои. Целите се јасни за нас оваа сезона, одиме на секој меч на победа и на домашната сцена и во АБА-2 и се надевам на успех“