Актуелниот бранител на сите три трофеи во женската сениорска кошарка, екипата на Баскет кам ги одбрани првиот од тие трофеи освоени во ланската натпреварувачка сезона. Помалку очекувано, но доста потешко од што предвидуваа во екипата од Македонска Каменица, затоа што младиот соства на МЗТ Скопје „покажа заби“ и беше во најмала рака, достоен проривник во овој меч, прв официјален за двете екипи во новата сезона.
БАСКЕТ КАМ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 74:54
Натпреварот во СРЦ „Кале“ почна според очекуваното. Далеку поискусната и поквалитетна екипа на Баксет кам уште во раната фаза оебзбеди двоцифрена позитива, која на истекот на првиот период изнесуваше 13. поени (23:10).
Но како одминуваа минутите, оние во вториот период, така младите кошаркарки на МЗТ Скопје како да се ослободуваа од притисокот, оној почетниот. Дури во средишниот дел од мечот, негативата ја сведоа на едноцифрена )22:3). А до крајот на првото полувреме беа уште поблиску. Заостануваа само осум поени (30:38).
Разлика која ја направи двоецот Поп Димитровска (стрелец на 12.поени) и Димова која реализираше девет, додека пат третиот „фактор“ на шампионот, Кметовска додаде седум (плус и пет скока).
На другата страна од теренот младиот двоец Алексова-Сарафилоска искомбинира 20, од оние 30. поени во првото полувреме, за мнгу повозбудливи втори 20.минути од натпреварот.
Рамноправно се играше и на почетокот на третата четвртина. Навистина бранителот на трофејот поведе со (45:32), но не за долго затоа што девојките во „сино-бела“ комбинација брзо ја вратија „константата“, онаа резултатската, од првиот дел, (39:47). МЗТ Скопје имаше и уште пониски (42:49) во 28.минута од играта.
Фаворитот уште еднаш ја „покачи“ позитивата, повторно на 13 поени (56:43), која ја намали одличната Алексова, за (56:45), по три одиграни делови од средбата која практично ја отвора новата сезона во женскиот сениорски сегмент.
А практично во исто темпо се одвиваа настаните и во оној период кој обично важи и за одлучувачки. Екипата од фаворит имаше контрола над играта и резултатот. И уште еднаш, сега на 3:30 минути пред крајот, имаше плус 13. (64:51), што беше гаранција за одбрана на првиот трофеј во новата сезона. Трет за екипата од Македонска Каменица во четири изданија на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во женска конкуренција.
Очекувано, во победничката екипа се издвои „трилингот“ Поп Димитровска (21.поен, седум скока и четири асистенции), Кметовска 14 (плус 13. скока и шест асистенции), и Димова која на 13.поени додаде и девет скока.
Кај МЗТ Скопје, Сарафилоска застана на 17.поени (и пет скока), ја следеше Алексова со 14. реализации.