20.04.2021

Репрезентативното крило на Бадел 1862 го одбележа дерби дуелот со Баскет КАМ

СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Нена Трајчевска со најдобри бројки во третото коло

Нена Трајчевска, една од најдобрите кошаркарки во редовите на Бадел 1862, е најкорисна во третиот круг од натпреварите во женската Суперлига.

На дерби-дуелот во Каменица, каде „баделки“ славеа триумф над својот голем конкурент за првото место на табелата, репрезентативното крило дојде до 37. индексни поени.

За 39:29.минути во игра, реализираше 31. поен (2/7 за три, 10/16 за два и 5/6 за еден поен), имаше и извонредни 15.скока, по две асистенции и блокади, и само една загубена топка

Милена Лаковиќ од Струга 2009 го има вториот најдобар индивидуален резултат во овој круг од Суперлигата. Во победата над Крива Паланка учествуваше со 21.поен (0/3 за три, 7/9 за два и 7/8 за еден поен), плус и 13.скока (пет офанзивни), 4.асистенции, исто толку освоени топки и две загубени за 33:07 минути во игра.  

Нејзиниот опонент од спротивната страна на теренот, Милена Марјановиќ, исто така имаше одлична изведба. За 35:58 минути во игра, дојде до дабл-дабл учинок од 25.поени (5/11 за два и 15/21 за еден поен). Но и 16.скока, од нив десет офанзивни, како и две блокади и три загубени топки.

Поради пет лични грешки, Анџелика Митрашиновиќ предвреме го заврши мечот со Бадел 1862. За 33:40 минути на теренот, реализираше 37. поени (6/16 за три, 6/14 за два и 7/9 за еден поен), плус и седум скока, три додавања но и шест загубени топки.

За индекс-22, ист каков што на средбата во Каменица имаше Цветанка Димова. Кошаркарката на Бадел 1862 имаше ефект од 15.поени (2/5 за три 3/3 за два и 3/4 за еден поен), девет скока, две асистенции и две освоени и една загубена топка за сите 40.минути на теренот.