16.04.2021

Репрезентативниот бек на Баскет КАМ дојде до индекс–38 во дуелот со Работнички

СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Второто коло во знак на Митрашиновиќ

Анџелика Митрашиновиќ, предводникот на екипата на Баскет КАМ е најкорисната кошаркарка на второто коло од Суперлигата. Репрезентативниот бек имаше уште еден импресивен настап за екипата на Каменица на гостувањето кај Работнички во Скопје.  

За 36.минути во игра, реализираше 36 поени (5/10 за два и 6/14 за три поени), имаше и по седум скока, седум асистенции, пет освоени и три загубени топки.

Доволно за 38.индексни поени.

Нена Трајчевска заедно со Александра Стојановска го водеше Бадел 1862 кон уште еден суперлигашки триумф, сега против екипата на Крива Паланка.

Репрезенаттивното крило на „баделки“ постигна 24.поени (10/15 од поле), и по седум скока и асистенции и три освоени топки. Сето тоа за 39.минути во игра, за 34. индексни бодови.

Стојановска ги одигра сите 40.минути, притоа реализираше 21.поен (8/21 од поле), 13.скока, 6.асистенции, 5. освоени топки, за индекс-32!

Ивана Кметовска имаше „спор почеток“ во дуелот со Работнички. Но како одминуваа минутите стигна до стандардните, за неа, бројки. Двоен ефект од 18.поени (7/11 во шутот од игра), десет скока, пет асистенции и по две освоени односно загубени топки. Или се заедно – индекс-27!

Идеалните пет за ова второ коло се затвораат со ефектот на Анастасија Подунавац. Новата кошаркарка на Вардар на средбата во Струга, дојде до индекс-24. Односно за 34:39 минути во игра, постигна 20.поени, имаше и 16.скока и три блокади.