На седницата на претседателството на Здружението на кошаркарската лига на Србија, а со присуство и учество на претставници на клубовите кои избориле пласман во Супер лигата на Србија, мнозинството од присутните со поголем број на гласови (еден глас против) донесе одлука да се откаже Супер Лигата, и во оваа сезона да не биде прогласен првак на Србија.
При носењето на ова одлука, претседателството првенствено ги имало предвид здравствените причини и опасност од зараза на играчите и сите учесници на Супер Лигата додека пандемијата сè уште трае и додека вирусот COVID -19 сè уште е присутен во средината.
Покрај оваа основна причина, како важни аргументи за одлуката биле земени предвид и предолгата пауза и неподготвеноста на играчите, што би претставувало голема опасност од сериозни повреди како и фактот дека натпреварите би се играле без присуство на публика, или со доста ограничен број на гледачи.