Македонскиот Олимписки Комитет заедно со Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт и клубовите МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе организира свеченост по повод 80 годишниот роденден на кошаркарската легенда Лазар Лечиќ.
На свеченоста, која ќе се одржи в четврток (9. мај 2019 година) во хотелот Александар Палас, ќе присуствуваат бројни кошаркарски легенди од Републиката и од регионот.
На собирот ќе се обратат неколку звучни имиња од југословенската кошарка, а неколку кошаркарски врвни тренери ќе се здобијат и со одличја, меѓу кои Дуда Ивковиќ и Мирко Новосел.
Идејата за свеченоста е да му се даде скромно признание на човекот кој направи многу за кошарката, не само во Македонија, туку и во регионот.
Сите љубители на кошарката, кошаркарски работници, спортисти, тренери, судии се добредојдени на овој настан.