30.03.2021

Меѓу бесмртните кошаркарски личности во оваа година се одбрани и Јуре Здовц, Стив Неш, Александар Волков...

Светислав Пешиќ ја предводи „класата 2021“ во ФИБА „Куќата на славните“

Светислав Пешиќ, едно од најголемите европски тренерски имиња, тренер на шампионот на Европа и на светот, клупски европски првак, е избран во ФИБА „Куќата на славните“

Во категоријата на играчи во „Класата 2021“ се Јуре Здовц (Југославија/Словенија), Стив Неш (Канада), Александар Волков (СССР/Украина), Модестас Палуаускас (Литванија), Миезслав Лопатка (Полска), Кеничи Сако (Јапонија), Изабела Фијалковски (Франција), Агнеш Немет (Унгарија), и Парк Шин Ја (Јужна Кореја).

Друштво помеѓу тренерските легенди на славниот Србин ќе му прават Аргентинецот Рубен Мањано и Американката Тара Вандервер.