По успешно одработениот прв дел, Светската кошаркарска асоцијација на тренери (WABC) ќе ја продолжи тренинг-клиниката, каде во наредните десет недели ќе бидат поставени и серија на предавања за тренери-жени.
ФИБА информира дека се закажани дополнителни десет недели со предавањата кои ќе се прикажуваат „во живо“ на каналот WABC Фејсбук.
И тоа со по едно предавање во текот на денот, секој вторник и четврток во 14. часот.
Предавањата, кои дојдоа до бројката од 500.000 прегледи, се фокусираат на најразлични различни кошаркарски теми, предводени од некои од најпознатите тренери од целиот свет.
Оваа дополнителна серија за женскиот сегмент на тренери, истакна и еден од главните стратешки столбови на ФИБА за периодот 2019-2023 година - промовирање можности за жени-тренери во сите области на кошарката, со шест неделни клиники предводени од истакнати женски тренери.
Во наредните десет недели своите размислувања ќе ги поделат водечките европски тренери, како Жељко Обрадовиќ, Игор Кокошков, Еторе Месина, Серџо Скариоло, Андреа Тринкиери, Ромео Сакети, Елијас Зурос.
Ќе предава и Рик Карлајл, еден од најдобрите тренери во НБА лигата.
Многу повеќе информации за предавањата за WABC се достапни на официјалниот канал FIBA YouTube.