Само неколку дена по завршувањето на возбудувањата на 41. Евробаскет, ноќеска, во Австралија беше отворен Светскиот Куп во женска конкуренција.
Вкупно 12. национални селекции, поделени во две групи (по шест), ги стартуваа натпреварите на женскиот Мундобаскет, кој ќе „трае“ заклучно со првиот ден од октомври, кога ФИБА ќе го промовира новиот светски шампион.
А првиот „работен ден“ не донесе добри вести за селекции од овие простори. Селекциите на Србија и на БиХ имаа неуспешен старт на турнирот во Сиднеј.
Србинките имаа лоша втора четвртина која Канада ја доби со (23:12), и ги чинеше пораз на почетокот на турнирот, (60:67).
Големо изненадување приредија и кошаркарките на Порторико, кои прелесно ја совладаа БиХ (82:57).
На Босанките не им помогна ниту Американката Џонкиел Џонс, која поради обврските со својот клуб во ВНБА лигата се приклучи подоцна на подготовките на женскиот национален тим на БиХ, и имаше лимитирана минутажа на овој премиерен натпревар од шампионатот.
Во дербито на првото коло, САД најде решенија за цврстата и силно мотивирана Белгија (87:72). По одличниот старт, Американките ги симнаа дилемите во третиот период по кој обезбедија недостижни (72:56).
Првиот круг од натпреварите во групата „А“ беше затворен со убедлива победа на Кина против Кореја (107:44).
На вториот натпревар од групата „Б“, Јапонија делуваше сигурно против Мали (89:56), па особено интересен ќе биде нивниот меч против Србија во вториот круг од натпреварите од првата, групна фаза.
ГРУПА А
БиХ
Порторико
САД
Белгија
Кореја
Кина
ГРУПА Б
Канада
Србија
Јапонија
Мали
Нов Зеланд
Франција
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
ГРУПА А
БиХ – Порторико 58:82
САД – Белгија 87:72
Кореја – Кина 44:107
ИДНО КОЛО (23.СЕПТЕМВРИ)
02.30: Порторико – САД
05.00: Белгија – Кореја
06.30: Кина - БиХ
ГРУПА Б
Канада – Србија 67:60
Јапонија – Мали 89:56
12.30: Нов Зеланд – Франција
ИДНО КОЛО (23.СЕПТЕМВРИ)
04.00: Србија - Јапонија
10.00: Франција - Канада
12.30: Нов Зеланд - Мали