06.09.2023

Канаѓаните одиграа одлично второ полувреме, стигнаа до голема победа (100:89) и пласман во полуфиналето каде ги чека Србија

СВЕТСКИ КУП 2023: Дончиќ и другарите не ги издржаа нападите на Канада

Доста изедначено се играше во првото полувреме во кое ниту една од двете репрезентации не успеа да направи некоја осетна разлика. Ако не се земат в предвид оние четири поени кои ги имаа Канаѓаните на почетокот на втората четвртина (31:27).

Во слична ситуација беа и Словенците, кои по поентирањето на нивната прва ѕвезда, Лука Дончиќ, поведоа со (40:36), по 15.минути играње во четвртфиналето број 4.

Имаше доста промени на водството во овој дел од играта, нервоза и некои лоши решенија во нападот ја вратија словенечката селекција „назад“. За нова предност на Канаѓаните (44:40), и тајм-аут на селекторот Секулиќ.

Токму Дончиќ го врати својот тим во нов егал (50:50) на истекот на последната минута од првото полувреме. Со тој резултат двете екипи заминаа во соблекувалните.

Дончиќ застана на 17 реализации во првите 20.минути, на другата страна, Гилчрес-Алекандер дојде до 13, а Александер-Вокер уште 10. поени, како потврда за резултатската рамнотежа во првиот дел од четвртфиналето.

Канада тргна фуриозно во третиот дел од четвртфиналето. Освен ударниот двоец, Гилчрес- Александер и Александер-Вокер, поентерски се „отворија“ и РЏ. Барет односно Брукс, и тоа веќе беа сериозни проблеми за Словенија.

Канада поведе со високи, (77:61)...

Сепак, од -16, во финишот на третата четвртина повторно со најголема помош од Дончиќ, Словенците стигнаа до едноцифрен минус, губеа „само“ со (71:80) а влезот на последните десет минути.

Во минутите на одлука се случи еден голем хендикеп за Словенија. Нервозниот Дончиќ заработи пет лични грешки, по што се беше полесно за канадскиот состав, кој успеа да ја одбрани таа предност и на крајот да го добие овој меч, по кој за противник во полуфиналето ќе ја има репрезентацијата на Србија.

Полуфиналните средби се на програмата на 8. септември (петок).  

СВЕТСКИ КУП 2023

РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Канада – Словенија         100:89

Германија – Летонија     81:79

Литванија – Србија          68:87

Италија – САД        63:100

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

8.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК)

10.45: Србија – Канада

14.40: САД – Германија