Репрезентациите на Германија и Србија ќе играат во големото финале на Мундобаскетот.
Во еден навистина сензационален натпревар, втор полуфинален, селекцијата на Германија стигна до голема, огромна победа над САД (113:111), и за прв пат во својата историја, во недела попладне од 14.40 часот, против Србија, ќе се бори за светската круна.
Апсолутно заслужен триумф остварија популарните „панцери“ против премногу фаворизираниот противник.
Но во ниту еден момент не дозволија американскиот состав да воспостави доминација на теренот.
Напротив, во најголем дел од натпреварот имаа водство, во одредени моменти и двоцифрено.
Така беше и на пет минути пред крајот, кога Германија имаше високи (106:94). Но САД немаше намера да се предаде, преку Едвардс и Ривс, дојдоа до само „еден посед“ негатива (106:103), а на 1:35 минута пред крајот и минус од само еден поен (107:108).
Тројката на одлука ја даде Андреас Обст, на 1:14 минути пред крај, за (111:107). А победата ја потврди Шредер, кој постави недостижни, дури и за еден тим каков што има САД, (113:107).
Обст заврши со 24 поени, Франц Вагнер имаше 22, Даниел Тајс 21, Денис Шредер 17 (и девет асистеции), додека свој голем придоенс даде и Јоханес Тиман, со десет поени и пет скока за Германија, која е единствената екипа која стигна до финалето, без ниту еден пораз во досегашниот дел од шампионатот.
Кај САД, Ентони Едвардс дојде до 23.реализации, Мајкл Бриџес имае 17, а Џален Брансон уште 15.поени.
Следува еврпско финале на Светското првенство во Манила, во недела попладне, Србија и Германија ќе се борат за златото, а нешто порано, во битката за бронзата, следува американската пресметка, САД против Канада!
СВЕТСКИ КУП 2023
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Србија – Канада 95:86
САД – Германија 111:113
10.СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)
НАТПРЕВАР ЗА 3.МЕСТО
10.30: САД - Канада
ФИНАЛЕ
14.40: Германија - Србија