06.09.2023

Давис Бертанс не ја погоди тројката вредна полуфинале на сензационалните Летонци, слават „панцерите“ со минимални (81:79)

СВЕТСКИ КУП 2023: Германија некако ја „преживеа“ Летонија, за свое прво светско полуфинале!

Селекцијата на САД го доби  својот противник во полуфиналето на Светскиот Куп.

Тоа е репрезентацијата на Германија, која стигна до голема победа во третиот четвртфинален натпревар одигран во „Мол оф Азија“ Арената во Манила.

Двете селекции одиграа еден доста изедначен натпревар, особено тоа се однесува за првото полуврреме. Оние почетни минути им припаднаа на кошаркарите на Летонија кои брз направија позитива до десет поени 913:3). Но кога почнаа оние сериозни „ротации“, секако играчки, Германците успеаа да се вратат.

До крајот на првата четвртина веќе беше (13:16).

Во средината на вториот период, Германија дури и премина во водство (28:27) по тројката на расположениот Обст (негов осми поен).

Германците имаа предност и на полувремето (36:34).   

Играа подобро во второто полувреме во кое креираа и двоцифрена позитива. На средината на последната четвртина Германија имаше (74:63), потоа и (79:69).

Но момците од Балтикот не се предаваа, напротив. Шмитс влезе во серија на точни шутеви за три поени. А Шродер во серија не промашувања, и им даде на Летонците уште една шанса.

Не ја искористи најдобриот шутер на Летонија, Давис Бертанс, кој во последниот напад, на неколку секунди пред крајот, пред звукот на сирената (претходно постигна шест тројки) не ги промени оние (81:79) кои ја однесоа Германија во првите четири и полуфинале со САД.

Нешто подоцна, од 14.30 часот, во последниот четвртфинален натпревар, ќе се сретнат селекциите на Канада и на Словенија. Победникот од овој меч за противник во полуфиналето ќе ја има репрезентацијата на Србија.

СВЕТСКИ КУП 2023

РЕЗУЛТАТИ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Германија – Летонија     81:79

Литванија – Србија          68:87

Италија – САД        63:100

14.30: Канада - Словенија

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

8.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК)

10.45: Србија – Канада/Словенија

14.40: САД – Германија