01.09.2023

На нашите северни соседи не им помогна ниту предноста од 16. поени во текот на третата четвртина, „аѕурите“ слават со (78:76)

СВЕТСКИ КУП 2023: Италија стана „невозможна миисија“ за Србија

Изненадување, па не би се рекло ако се земе в предвид историјата на последните дуели на селекциите на Италија и на Србија.

Србија имаше плус од 16 поени (60:44) во текот на третата четвртина од првиот меч од осминафиналната фаза против Италија. Но тоа не им беше доволно да обезбедат пласман во четвртфиналето на Светскиот Куп уште по овие 40.минути.

Италија се врати, преку Симоне Фонтекио, го издржа последниот напад на српскиот состав, во кој Стефан Јовиќ не погоди тројка вредна победа.

И аѕурите слават уште еднаш во мечевите со некогаш за нив големиот кошакарски баук, па сега се израмнети на табелата во групата „И“ со ефект (3-1), а пред она што следува за некој час, дуелот помеѓу Доминиканската Република и Порторико.

За разлика од Србија, Црна Гора важеше како огромен аутсајдер во дуелот со САД. Но тоа не изгледаше така на теренот против селекцијата која важи за топ фаворит за златниот медал. Резултатски егал беше виден во Арената во Манила, скоро во текот на сите 40.минути.

На пет минути пред крајот, имаа минус од само пет поени и покрај дури 20.загубени топки. Но на крајот, некако се си дојде на своето место. Американците стигнаа дури и до висока победа (85:73), нивна четврта во серија пред мечот на одлука, оној против Литванија, за тоа кој ќе биде победник на групата 

Затоа пак Германија, без проблеми, „маршира“ кон четвртфиналето. По изедначеното прво полувреме (42:43), во второто ја „прегазија“ репрезентацијата на Грузија (100:73), исто така, доволно за максимален ефект (4-0) и скоро извесно, место во најдобрата „осумка“ на шампионатот.

Сепак, најголемото изненадување во првото коло од осминафиналето, се случи на натпреварот Шпанија-Летонија.

Го „режираа“ кошаркарите од Балтикот...

Летонија успеа да надополни негатива од 12. поени, со која влегоа во последниот период од играта.

Со парцијални (23-7), се стекнаа со позитива од пет поени, и на крајот победија. Имаше светскиот шампион напад за егал скор. При резултат (72:69), Бризуела наместо да реализира, направи прекршок во напад. Куруц казни, со две слободни фрлања ги постави конечните (74:69).

СВЕТСКИ КУП 2023 - ВТОРА ФАЗА

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ПРВО КОЛО

ГРУПА И

Србија – Италија   76:78

14.00: Доминикана – Порторико

ТАБЕЛА

1.Србија         4          3          1          390:301        7

2.Италија     4          3          1          331:303        7

3.Доминикана (-1)      3          3          0          249:230        6

4.Порторико (-1)       3          2          1          285:279        5

ГРУПА Ј

САД – Црна Гора   85:73

14.40: Литванија – Грција

ТАБЕЛА

1.САД    4          4          0          403:285        8

2.Литванија (-1) 3          3          0          280:204        6

3.Црна Гора  4          2          2          324:322        6

4.Грција (-1)       3          2          1          256:254        5

ГРУПА К

Германија – Грузија        100:73

14.10: Словенија – Австралија

ТАБЕЛА

1.Германија 4          4          0          367:293        8

2.Словенија (-1)        3          3          0          280:229        6

3.Грузија        4          2          2          295:307        6

4.Австралија (-1)           3          2          1          289:246        5

ГРУПА Л

Шпанија – Летонија 69:74

15.30: Канада – Бразил

ТАБЕЛA

1.Шпанија 4          3          1         343:281        7

2.Летонија   4          3          1          346:322        7

3.Канада (-1)      3          3          0          324:213        6

4.Бразил (-1)        3          2          1          267:232        5