25.08.2023

Се е подготвено за почетокот на 19. Светски Куп во Јапонија, Индонезија и Филипини...

СВЕТСКИ КУП 2023: Кошарката како религија, како национална страст и опсесија, Мундобаскетот може да почне!

Од 25. август до 10.септември, пред очите на целата планета, 32 репрезентации од целиот све ќе се борат за медали, но и за седум места кои водат на Олимписките игри во Париз наредната година.

Само 12 играчи ќе се вратат дома со златото околу вратот, само еден од нив и со признанието за МВП во рацете.

Спектаклот е загарантиран!

„Кошарката конечно, се враќа дома, таму каде што таа е религија и каде луѓето крварат и дишат за неа. Таму каде што НБА играчите се славени како светци, а секој мече е како едно епско дело. Кошарката не е родена тука, но сигурно е дека така изгледа“...

Вака некако гласи најавата во добар дел од новинарските извештаи од Манила, еден од градовите домаќини на овој самит на најдобрите кошаркари на светот. Еден од трите, заедно со Џакарта и Окинава, кои ќе ги нагостат оние 32. репрезентации од целиот свет кои ќе се борат за што подобар пласман, на најдобрите меѓу најдобрите и за медалите.

На првиот меч на денот, всушност на отворањето на програмата, ќе играат Италија и Ангола, од 10.часот (16.часот по локално), а потоа тргнува вистинскиот спектакл. Од 14 часот (20.часот по локално), Филипините ќе го отворат својот настап на Светското првенство против Диминиканската Република, каде доминантна фирура е една голема НБА ѕвезда, Карл Ентони Таунс.

Секако, и Филипинците имаат свој идол, во името на Џордан Кларксок, а тоа значи дека се заканува уривањето на првиот рекорд, во Арената „Филипино“ во Манила да има и повеќе од 40.000 гледачи.

Интересно, тоа не е и полниот капацитет на ова здание, затоа што според проценките, на тоа место може да се соберат и 55.000 луѓе.

За потсетување, рекордот за број на гледачи на еден меч од Мундобаскетот датира од 1994 година. И извесно е дека сега е прашање на часови кога ќе биде и соборен.

Сепак, условите за сите се исти – гаранција за најсјајното одличје се осум победи (три во првата, две во втората, а потоа уште три во завршните натпреварувања).

Сепак, патиштата се доста различни. Пооделни селекции уште во старт ќе мора да прескокнат еден голем ѕид, некои ги чекаат пречки со различна висина. А тука се и Американците кои се апсолутен фаворит за златото, и затоа, уште на почетокот имаат најдобар поглед кон целта.

Но, ќе се трудат и многу други да им стават „сопка“ на избрниците на селекторот Стив Кер, на патот кон шестата светска титула за Америка, а јасно е и тоа дека нои од репреезентациите присутни на трите места во Јапонија, Филипините и Индонезија се кадри (повеќе од другите) да направат сензација и да им застанат на патот кој води до златото.

Се издвојуваат оние кои и ги одреди ФИБА во својот последен ранкинг. Односно Франција, Германија, Шпанија, Канада, Австралија, Словенија, Србија, Италија...

„Добредојдовте на местото каде кошарката е прифатена како религија, и каде е национална страст и опсесија“!

Систем за натпреварување

И на овој собир на надобрите селекции на светот, присутни се 32, а поделени се во осум групи, по четири.

Во првата натпреварувачка фаза (од 25. до 30.август) секоја од нив ќе одигра по три натпревари (секој со секого во групата). Првопласираните две селекции од секоја група (четири од нив, „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“, ќе се играат во Манила, „Е“ и „Ф“ во Окинава, а „Г“ и „Х“ во Џакарта) , обезбедуваат место во втората натпреварувачка фаза. Со пренесени бодови (со селекциите со кои одат понатаму), ќе играат во новоформираните четири групи, „И“, „Ј“, „К“, и „Л“ во периодот од 31.август до 4.септември.

Двете првопласирани селекции од четирите новоформирани групи, ќе играат во четвртфиналето (на 5. и на 6. септември). По ден пауза (7.септември), на 8. септември ќе се играат двата полуфинални натпревари (во „Мол Азија“ Арената во Манила).

Натпреварот за третото место и бронзените медали, и големото финале ќе се играта на 10.септември, исто така во главнито град на Филипините.

Освен тоа, репрезентациите кои ќе завршат на третата односно четврттата позиција, ќе се борат за пласман од 17. до 32. позиција.

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ

ГРУПА А (МАНИЛА): Ангола, Доминикана, Филипини, Италија

ГРУПА Б (МАНИЛА): Јужен Судан, Србија, Кина, Порторико

ГРУПА Ц (МАНИЛА): САД, Јордан, Грција, Нов Зеланд

ГРУПА Д (МАНИЛА): Египет, Мексико, Црна Гора, Литванија

ГРУПА Е (ОКИНАВА): Германија, Финска, Австралија, Јапонија

ГРУПА Ф (ОКИНАВА): Словенија, Девствени Острови, Грузија, Венецуела

ГРУПА Г (ЏАКАРТА): Иран, Шпанија, Брег на Слонова коска, Бразил

ГРУПА Х (ЏАКАРТА): Канада, Летонија, Либан, Франција

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ПРВА ФАЗА

25.АВГУСТ (ПЕТОК)

10.00: Ангола – Италија (група А)

10.00: Финска - Австралија (група Е)

10.45: Мексико – Црна Гора (група Д)

11.15: Летонија – Либан (група Х)

14.00: Доминикана – Филипини (група А)

14.10: Германија – Јапонија (група Е)

14.30: Египет – Литванија (група Д)

15.30: Канада – Франција (група Х)

26.АВГУСТ (САБОТА)

10.00: Јужен Судан – Порторико (група Б)

10.00: Девствени Острови - Грузија (група Ф)

10.45: Јордан – Грција (група Ц)

11.45: Иран – Бразил (група Г)

13.30: Словенија – Венецуела (група Ф)

14.00: Србија – Кина (група Б)

14.40: САД – Нов Зеланд (група Ц)

15.30: Шпанија – Брег на Слонова коска (група Г)

27.АВГУСТ (НЕДЕЛА)

10.00: Италија - Доминикана (група А)

10.30: Австралија - Германија (група Е)

10.45: Црна Гора - Египет (група Д)

11.45: Либан – Канада (група Х)

14.00: Филипини - Ангола (група А)

14.10: Јапонија - Финска (група Е)

14.30: Литванија - Мексико (група Д)

15.30: Франција - Летонија (група Х)

28.АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

10.00: Кина - Јужен Судан (група Б)

10.00: Венецуела - Девствени Острови (група Ф)

10.45: Нов Зеланд – Јордан (група Ц)

11.45: Брег на Слонова коска – Иран (група Г)

13.30: Грузија – Словенија (група Ф)

14.00: Порторико – Србија (група Б)

14.40: Грција – САД (група Ц)

15.30: Бразил – Шпанија (група Г)

29.АВГУСТ (ВТОРНИК)

09.30: Германија - Финска (група Е)

10.00: Ангола - Доминикана (група А)

10.45: Египет- Мексико (група Д)

11.45: Либан – Франција (група Х)

13.10: Австралија - Јапонија (група Е)

14.00: Филипини - Италија (група А)

14.30: Црна Гора – Литванија (група Д)

15.30: Канада - Летонија (група Х)

30.АВГУСТ (СРЕДА)

10.00: Јужен Судан - Србија (група Б)

10.00: Грузија – Венецуела (група Ф)

10.40: САД – Јордан (група Ц)

11.45: Брег на Слонова коска – Бразил (група Г)

13.30: Словенија – Девствени Острови (група Ф)

14.00: Кина – Порторико (група Б)

14.40: Грција – Нов Зеланд (група Ц)

15.30: Иран – Шпанија (група Г)

31. АВГУСТ (ЧЕТВРТОК)

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (17-32 МЕСТО)

Е3 – Ф4 (ОКИНАВА)

Ф3 – Е4 (ОКИНАВА)

А3 – Б4 (МАНИЛА)

Б3 – А4 (МАНИЛА)

Д3 – Д4 (МАНИЛА)

Ц3 – Д4 (МАНИЛА)

Г3 – Х4 (ЏАКАРТА)

Х3 – Г4 (ЏАКАРТА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

1.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК)

ОСМИНАФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ (ПРВО КОЛО)

Е1 – Ф2 (ОКИНАВА)

Ф1 – Е2 (ОКИНАВА)

А1 – Б2 (МАНИЛА)

Б1 – А2 (МАНИЛА)

Ц1 – Д2 (МАНИЛА)

Д1 – Ц2 (МАНИЛА)

Г1 - Х2 (ЏАКАРТА)

Х1 – Г2 (ЏАКАРТА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

2. СЕПТЕМВРИ (САБОТА)

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (17-32 МЕСТО)

Е4 – Ф4 (ОКИНАВА)

Е3 – Ф3 (ОКИНАВА)

А4 – Б4 (МАНИЛА)

А3 – Б3 (МАНИЛА)

Ц4 – Д4 (МАНИЛА)

Ц3 – Д3 (МАНИЛА)

Г4 – Х4 (ЏАКАРТА)

Г3 – Х3 (ЏАКАРТА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

3.СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)

ОСМИНАФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ (ВТОРО КОЛО)

Е2 – Ф2 (ОКИНАВА)

Е1 – Ф1 (ОКИНАВА)

А2 – Б2 (МАНИЛА)

А1 – Б1 (МАНИЛА)

Ц2 – Д2 (МАНИЛА)

Ц1 – Д1 (МАНИЛА)

Г2 - Х2 (ЏАКАРТА)

Г1 – Х1 (ЏАКАРТА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

4. СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

5.СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ - 1

(1)И1 – Ј2 (МАНИЛА)

(2)Ј1 – И2 (МАНИЛА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

6.СЕПТЕМВРИ (СРЕДА)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 2

(3)К1 – Л2 (МАНИЛА)

(4)Л1 – К2 (МАНИЛА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

7.СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)

НАТПРЕВАРИ (5-8 МЕСТО)

Поразен 1 – Поразен 2 (МАНИЛА)

Поразен 3 – Поразен 4  (МАНИЛА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

8.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК)

ПОЛУФИНАЛЕ

Победник 1 – Победник 2 (МАНИЛА)

Победник 3 – Победник 4 (МАНИЛА)

*Сатнините ќе бидат објавени дополнително

9.СЕПТЕМВРИ (САБОТА)

НАТПРЕВАРИ (5-8 МЕСТО)

За седмо место (МАНИЛА)

За петто место (МАНИЛА)

*Сатнините ќе бидат дополнително објавени

10.СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ

10.30: За трето место (МАНИЛА)

14.40: Финале (МАНИЛА)