10.09.2023

Во големото финале, беа подобри од Србија (83:77), особено во второто полувреме, доволно за нивниот прв златен медал во постоењето

СВЕТСКИ КУП 2023: Момент за историја, Германија е нов светски шампион

Репрезентацијата на Германија е новиот светски шампион во кошарка. Во големото финале, во Манила, популарните „панцери“ беа подобри од Срвија, и за прв пат во својата историја, стигнаа на врвот на кошаркарскиот свет.

ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА          83:77

По изедначеното прво полувреме во кое двата финалисти поделија по 47 поени, Германците направија кошаркарски „блиц-крик“ во третиот период.

Во тие десет минути, се чини и ја направија клучната разлика во финалето. Ја добија со (22-10) и имаа големи (69:57).

Но Србија го имаше неверојатниот Аврамовиќ, кој практично сам (со 16 поени во четвртината) се избори за неговата селекција да има шут за егал-скор.

ФОТО: Поените на Алекса Аврамовиќ во финалниот период не донесоа комплетен пресврт за Србија во финалето

За жал на „сините“ не го искористи Гудуриќ.

При резултат (78:75), на 56 секунди не погоди отворен шут за три поени. Веќе во следниот напад Шредер им даде уште една шанса откако погоди само едно слободно фрлање. Токму Гудуриќ погоди за (77:79), а потоа стана трагичар откако ја загуби топката која можеше да донесе и уште поголема неизвесност во последните секунди од овој Мундобаскет.

А Шредер не погреши уште еднаш, постави недостижни (81:77) и златен медал за Германија. апослутно заслужено, единствената репрезентација на шампионатот која заврши без пораз!

ФОТО: Србија го освои светското сребро

Претходно, уште еден феноменален натпревар видоа Манила и светот, дуелот за третото место, кој во продолжение од пет минути, Канада го остави САД без медал.

Предводени од неверојатните Гилчрес-Александер и Дилон Брукс, заедно искомбинираа 70.поени, ги шокираа своите соседи, макар што реално, требаше да ги победат уште во регуларниот дел од мечот за бронзениот медал.

Го направија тоа во екстра периодот, конечни (127:118), и исто така, момент за историја, прв светски медал за Канада.

ФОТО: Канада за прв пат во својата историја стигна до медал на Светскиот Куп

СВЕТСКИ КУП 2023

НАТПРЕВАР ЗА 3.МЕСТО

САД – Канада         118:127

ФИНАЛЕ

Германија – Србија          83:77