ФОТО: Селекцијата на Јужен Судан напиша историја, ќе игра на Олимпијадата како претставник на Африка
По одигрувањето на втората, осминафинална фаза на Светскиот куп, потврден е конечниот пласман на 24. национални селекции кои се елиминирани од понатамошното натпреварување кое продолжува во Манила.
Тимовите кои испаднаа по второто коло го завршија настапот на Светскиот куп на позициите (9-16), а оние кои беа елиминирани од борбата во првото коло ги пополнија позициите (17-32) во крајниот поредок.
Со конечниот пласман искористен за одредување на квалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 и Олимписките квалификациски турнири, вкупно пет репрезентации се пласираа на директните места на Олимписките игри како најдобро рангирани тимови од нивните континенти.
Канада и САД ги добија двата директни билети за Олимпијадата резервирани за Америка поради пласманот во четвртфиналето, а другите три нации во трката – Бразил, Доминиканската Република и Порторико, беа елиминирани во второто коло.
Претходно, Австралија стана првата селекција која обезбеди пласман на Олимпијадата како единствена селекција од Океанија која се пласираше од втората рунда.
Во меѓувреме, Јужен Судан и ко-домаќинот на Светското првенство Јапонија се квалификуваа како најдобри селекции во нивните региони на Африка и Азија во класификациските мечеви за пласман од 17. до 32. позиција на шампионатот.
Франција, како домаќин на Олимписките игри, се квалификува автоматски.
Судбината на двата преостанати директни билети за Париз 2024 за европските тимови ќе биде решена во финалната фаза, при што на сите осум учесници во четвртфиналето ќе им биде гарантирано, минимум, место на Олимписките квалификациски турнири на ФИБА.
Вкупно 15. национални селекции веќе се потврдени за олимписките квалификациски турнири на ФИБА, покрај петте победници на Олимписките претквалификациски турнири.
Останатите четири ќе бидат потврдени по завршувањето на завршната фаза.
СВЕТСКИ КУП 2023
(Конечно рангирање за репрезентациите пласирани од 9. до 32.место)
9. Шпанија (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
10. Австралија (квалификувана за Олимписки Игри)
11. Црна Гора (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
12. Порторико (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
13. Бразил (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
14. Доминиканска Република (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
15. Грција (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
16. Грузија (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
17. Јужен Судан (квалификувана за Олимписки Игри)
18. Франција (квалификувана за Олимписки Игри, како домаќин)
19. Јапонија (квалификувана за Олимписки Игри)
20. Египет (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
21. Финска (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
22. Нов Зеланд (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
23. Либан (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
24. Филипини (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
25. Мексико (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
26. Ангола (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
27. Брегот на Слоновата Коска (квалификувана за Олимписки квалификациски турнир)
28. Девствени Острови
29. Кина
30. Венецуела
31. Иран
32. Јордан