07.09.2023

Ќе се борат за четири визи за Париз...

СВЕТСКИ КУП 2023: Познати се 24 репрезентации кои ќе играат на олимписките квалификации

ФОТО: Грција и Литванија ќе имаат уште една шанса да се појават на Олимпијадата во Париз

Пласманот на Србија и Германија на Олимписките Игри во Париз 2024, практично го финализираше и комплетниот список од 24 селекции кои ќе учествуваат на предолимписките турнири.

Нивниот „влез“ во полуфиналето на Светскиот Куп, практично детерминираше листа од осум финални учесници на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз следната година.

А во исто време формираше список од вкупно 24.национални селекции кои ќе учествуваат на предолимписките турнири, кои ќе ги понудат последните четири места за Игрите во Париз.

Европскиот континент ќе има вкупно 11 учесници: Хрватска, Финска, Грузија, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Полска, Словенија и Шпанија

Америка има пет свои претставници во: Бахами, Бразил, Мексико, Порторико, Доминиканска Република, Африка брои четири места: Ангола, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Египет, Азија има три: Бахреин, Филипини и Либан, додека од Океанија место на Олимпијадата ќе бара селекцијата на Нов Зеланд.