Првиот круг од осминафиналните натпревари на Светскиот Куп донесе уште неколку изненадувања. Или подобро кажано потврда на квалитетот кој со себе го носат репрезентациите кои на коло пред крајот, се веќе промовирани во четвртфиналисти.
Понатаму, од групата „Ј“ одат репрезентациите на САД и на Литванија. Макар што потешко од очекувањата Американците го скршија отпорот на Црна Гора, сепак го задржаа стонастотниот ефект.
А „помош“ за промоција во следната фаза им донесе селекцијата на Литванија која имаше феноменално второ полувреме против Грција, во кое го демолираше нашиот јужен сосед (92:67).
Па нивниот меѓусебен дуел за два дена ќе донесе пресуда кој ќе биде првопласиран во ова друштво, и ќе добие нешто полесен противник (ако тоа воопшто може да се каже), во четвртфиналето.
Таму се и две селекции од групата „К“, Германија, односно Словенија.
Словенците беа далеку подобри во дуелот со една од репрезентациите кои се нарекуваа големи фаворити за медал – Австралија. И исто така, дуелот на двете европски селекции ќе го крои и оној конечен расплет во оваа група во која освен Австралија, елиминирана е и Црна Гора.
Откако нешто порано, Летонија ја изненади Шпанија (74:69), и ги задржа шансите за премин во следната фаза, Бразил и Канада одиграа еден исклучително возбудлив натпревар во кој на крајот, победата ја однесоа кошаркарите на Бразил.
Па и во оваа конкуренција, е нешто налик на онаа од групата „И“. Во пресрет на второто и решавачко коло, сите четири репрезентации. За два дена, на 3.септември, ќе играат Бразил против Летонија, и Канада со Шпанија, во веројатно и најинтересниот и најважниот за овие два тима, натпревар во оваа осминафинална групна фаза.
СВЕТСКИ КУП 2023 - ВТОРА ФАЗА
РЕЗУЛТАТИ - ПРВО КОЛО
ГРУПА И
Србија – Италија 76:78
Доминикана – Порторико 97:102
ТАБЕЛА
1.Србија 4 3 1 390:301 7
2.Доминикана 4 3 1 346:332 7
3.Италија 4 3 1 331:313 7
4.Порторико 4 3 1 387:376 7
ГРУПА Ј
САД – Црна Гора 85:73
Литванија – Грција 92:67
ТАБЕЛА
1.САД 4 4 0 403:288 8
2.Литванија 4 4 0 372:271 8
3.Црна Гора 4 2 2 324:321 6
4.Грција 4 2 2 323:346 6
ГРУПА К
Германија – Грузија 100:73
Словенија – Австралија 91:80
ТАБЕЛА
1.Германија 4 4 0 367:293 8
2.Словенија 4 4 0 371:309 8
3.Австралија 4 2 2 369:337 6
4.Грузија 4 2 2 295:307 6
ГРУПА Л
Шпанија – Летонија 69:74
Канада – Бразил 65:69
ТАБЕЛA
1.Канада 4 3 1 389:282 7
2.Шпанија 4 3 1 344:281 7
3.Летонија 4 3 1 376:326 7
4.Бразил 4 3 1 336:297 7