24.08.2023

Непосредно пред почетокот на Светското првенство, Американците уживаат највисок рејтинг

СВЕТСКИ КУП 2023: САД се први и на последното ФИБА рангирање

Светското првенство се приближува брзо и време е за уште едно ажурирање на „рангирањето на моќта“ (Power Rankings), со третото и последно летно издание.

Секако, со одредена напомена дека, сепак, ова не е официјален систем за рангирање, но ја претставува оценката од луѓето кои ја водат веб-страницата на ФИБА за секој тим, односно да се смета како преглед со ажурирани списоци и подготвителните натпревари кои се веќе зад нас...

# 1 САД (-)

Како можеше Германија да го загуби тој натпревар кога имаше предност од 16 во второто полувреме?

Но се случи тоа, се случи Ентони Едвардс... Постигна 34 поени во текот на ноќта, имаше 10 од нив за време на серијата од (18-0) и изгледаше како филмски негативец кој ќе добие „забрзување“ на неговата приказна за потеклото по што извесно, ќе стане миленик на публиката.

Една работа треба да се има на ум. Дерик Роуз го играше Светското првенство во 2010 година, во НБА сезоната веќе отиде во “шеста брзина“ - ја освои наградата за МВП на сезоната.

Стеф Кари го играше Светското првенство во 2014 година, а ја освои својата прва награда за МВП на НБА во 2015 година, не кажувајќи дека тоа ќе се случи и со Ентони Едвардс.

Но, ако тоа се случи, треба да се запомни дека ова е таа најава...

#2 Германија (+3)

Да. Тоа е точно. Тоа е Германија на позицијата број 2!

Тим со само еден медал на Светскиот куп, трето место во 2002 година, но тим со толку голем потенцијал и кој доаѓа од одличната кампања на Евробаскет во 2022 година, која дојде до третото место.

Летово ја турнаа Канада во продолженија, имаа 16 поени плус во второто полувреме против САД. Можат да трчаат со најбрзите тимови, да скокаат со највисоките и да застанат на земја против физички најсилните.

Тоа е комплетен пакет.

Денис Шрудер ја води трката, браќата Вагнер кои ја носат енергијата и движењето, Даниел Теис и Јоханес Војгтман го обезбедуваат искуството, а сè уште имате момци како Исак Бонга, Маодо Ло, Андреас Обст, Јоханес Тиман и други, кои совршено ги играат своите улоги.

Лудо е да се мисли дека тие не биле ниту меѓу првите 16...

#3 Франција (-1)

Речиси совршениот летен подготвителен камп заврши со пораз од Австралија, тоа е половина од причината да бидат поставенни едно место по последното рангирање. Другата половина е само фактот дека оваа друга селекција онаа на Германија, сега игра со толку многу ентузијазам што заслужува награда.

Навистина нема што  многу да се додаде за „триколорите“. Ова е тим кој ги постави стандардите толку високи, што целиот свет би го сметал за неуспех доколку го пропушти полуфиналето на Филипините. Толку беа добри во последните десет години, со една титула на Евробаскет, едно сребро на ЕП, едно олимписко сребро, уште една бронза на Евробаскет и едно по друго место на подиумот на Светскиот куп.

Сите очекуваат да се искачат на подиумот. Овојпат тие сакаат да биде највисокото, првото!

#4 Шпанија (+2)

Во ред, да се има Шпанија на шестото место на последната ранг-листа беше лош момент. Излезе дека нивниот тим е толку длабок што дури и кога Рики Рубио ќе излезе надвор од него, има многу првокласни, висококвалитетни играчи кои сè уште можат и тоа како да се носат со конкуренцијата.

Толку се навикнати на победа, остануваат фаворит за пласман во полуфиналето од нивниот дел од ждрепката, без разлика кој ќе игра за нив. Толку се навикнати да настапуваат на високо ниво, што им дадоа на САД да се залетаат, ја разнесоа Словенија со „плус 20“ и ја задржаа Доминиканската Република. Другиот пораз на Шпанија во текот на летото беше од Канада - тоа е мечот што можеше да ги доведе до местото број 2 во овој последен пресек.

#5 Канада (+2)

Јасно е дека освен САД, Канада го има највозбудливиот ростер во однос на искуството и статусот во НБА. Но, во исто време, „загубата“ на Џамал Мареј поради повреда, може да биде таа една разлика што ги прави Топ 5 тим наместо Топ 3 во крајниот поредок пред почетокот на шампионатот.

Исто така, нивниот дел од ждрепката вели дека може да се соочат со тимови како Франција, Летонија, Шпанија, Бразил и Австралија или Словенија дури и пред да стигнат до полуфиналето.

Но добро, за да бидеш најдобар, треба да го победиш најдобриот...

#6 Австралија (-3)

Зошто толку ниско?

Пред да продолжат да ги победат Франција и Јужен Судан, Австралија исто така загубија од Бразил, а потоа имаа несигурна последна четвртина против Грузија каде што за малку ќе дозволеа предноста од 18 поени на полувремето да се претвори во пораз.

Има некои знаци на слабост овде и таму, но сепак се очекува Австралија да оди во четвртфиналето, веројатно и на подиумот. Особено кога имаат ново одбранбено сидро со висок коефициент на интелигенција во играч каков што е еден Џош Гиди.

#7 Италија (+1)

Почекајте...

Ја победија Турција. Ја победија Кина. Ја поразија Србија. Ја поразија Грција. Порторико. Бразил. Нов Зеланд...

Почекајте!

Италија одржуваше совршен рекорд во текот на летото досега, и се упати на ова Светско првенство со толку многу самодоверба што можеме да започнеме повторно да ги отвораме историските книги.

А знаете што пишува таму? Факт е дека Италија последен пат се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во далечната, 1978 година.

Три натпревари од групата А... Историјата се повторува? Изгледа легално и лесно, но...

#8 Словенија (-4)

Дали треба да бидеме загрижени за -20 на Словенија против Шпанија и -30 против САД?

Најверојатно не...

Но, повторно загубија важен дел (Влатко Чанчар), што значи дека ќе останат без 12 поени по натпревар (неговите просеци на Евробаскет 2022 и на Олимпијадата во 2021 година). Плус многу немерливи работи што ги донесе во тимот.

Во споредба со тој тим за полуфинале на Олимпијадата 2021 година, тренерот Александар Секулиќ сè уште ги има Николиќ, Препелич, Тоби, Блажич, Хроват, Димец, З. Драгич и секако, Лука Дончиќ.

Тие треба да имаат доволна енергија, сила, за да бидат во четвртфиналето.

#9 Србија (-)

Србија ќе биде првата екипа која ќе резервира патување во четвртфиналето. Тие загубија еден натпревар ова лето, со еден поен, од нивниот најголем непријател Италија.

Но сè друго беше совршено за овие момци.

Победа против Грција, ударна победа над Порторико, ударна победа над Кина, победа на последната „контрола“ над Бразил.

Сето тоа е направено без „заслепувачки светла од центарот на сцената“... Сето тоа е направено ако се знае дека се одржува со не така висок профил на играчи од типот на Јокиќ, Мициќ, Калиниќ, и не добиваат толку многу ударни наслови како пред четири години.

Први до четвртфиналето!

#10 Доминиканска Република (-)

Целата работа ќе биде дека Карл-Ентони Таунс полудува во ваква средина, но така с еговореше и кога КАТ не беше во тимот.

Со малку среќа, Доминиканската Република може да биде во четвртфиналето.

Ја победија Канада, беа во егал со Шпанија (во Шпанија). Веќе беа во осминафиналето на Светското првенство во 2019 година.

Не ги потценувајте овие момци!