05.09.2023

Со фантастична одбрана „орлите“ ја сопреа најефикасната селекција на Мундобаскетот (87:68), и се пласираа во полуфиналето

СВЕТСКИ КУП 2023: Србија е лекот за Литванија

Европското кошаркарско „класико“ на Светскиот Куп во Манила, за Србија.

Со одлична игра, пред се во одбраната, репрезентацијата на Србија ја запре Литванија на само 68 постигнати поени во првиот меч од четвртфиналето, за конечни (87:68), и голема победа која ги води кон медалите, но и место на Олимписките Игри кои следната година ќе се одржат во Париз.

Неверојатно добро го отворија првото четвртфинале кошаркарите на Литванија, Слично на средбата со САД, ги погодија своите пет обиди вредни по три поени.

Но српските „орли“ најдоа против игра во својот лидер – Богдан Богдановиќ, кој во свој, шутерски стил, издоминира во нападот, одговори на тој почетен питисок. А потоа, најголем дел од обврските ги заврши одбраната, предводена од неверојатниот Алекса Аврамовиќ.

Делува помалку нереално, но е вистинито, Литванија, која е една од најофанзивните селекции на овој шампионат, по оние, за нив стандардни, 25. поени во првата четвртината, имаше само 13 во втората.

Доволно за Србија да има солидни (49:38), на истекот на тој прв дел од играта.

Уште подобра во дефанзивата одигра српските кошаркари и во продолжението на оваа средба, по која Литванија (даде само 30.поени во тој период) загуби за прв пат на Светскиот Куп, и мора да си оди дома.

Србија прва стигна до полуфиналето, во кое ќе го чека подобриот од дуелот Словенија-Канада кој се игра утре на пладне (14.30 часот).

Претходно (од 10.45 часот), својот четвртфинален натпревар ќе го одиграат репрезентациите на Германија и на Летонија.

СВЕТСКИ КУП 2023

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Литванија – Србија          68:87

14.40: Италија – САД

6.СЕПТЕМВРИ (СРЕДА)

10.45: Германија – Летонија

14.30: Канада - Словенија