08.09.2023

Одиграа уште еден одличен натпревар „орлите“, беа многу подобар противник од Канада во полуфиналето (95:86)

СВЕТСКИ КУП 2023: Србија е во финалето!

Селекцијата на Србија е првиот финалист на Светскиот Куп 2023.

Популарните „орли“ одиграа уште еден одличен натпревар во елиминациската фаза од шампионатот, чија завршница се игра во Манила. На својот ривал во битлата за медал, Канада му дозволија да води само со (13:10) во првата четвртина. Но се друго беше на страната на репрезентациата која ја води и тоа како искусниот Светислав Пешиќ.

Откако го преземаа водството српските кошаркари веќе не дозволија на противникот да му се доближи.

Во најголем дел имаа двоцифрено водство, пред крајот на прото полувреме, највисоко, од 15.поени (52:37).

Канаѓаните започнаа многу поагресивно по големиот одмор, но се што сторија беше да ја намалат негативата на седум поени (50:57), како што стоеше на семафорот во 25.минута од првото полуфинале.

Но Србија успеа да го одбрани тој силен напад на канаѓаните. Со помош на одличниот Добриќ, потоа и Милутинов, ја вратија двоцифрената позитива (68:58), а тројката на Маринковиќ донесе уште повисоки (75:62) на почетокот на последниот период.

Агресивноста на Аврамовиќ, и тројката на Гудуриќ, ја однесоа Србија до највисоката разлика (80:63), која иако имаше да се играат цели девет минути, нашите соседи знаеја да ја задржат и да стигнат до финалниот натпревар, оној кој го носи пехарот и насловот светски шампион.

Уште еднаш, капитенот Богдановиќ го водеше својот тим, реализираше 23.поени (најголем дел од нив во првото полувреме), но затоа пак имаше огромна помош од соиграчите. Како на пример оние 16.поени (и десет скока), кои дојдоа од Милутинов. Ист број на поени имаше и Добриќ, Гудуриќ даде 12, а Аврамовиќ уште 10.поени во победата која им донесе медал, најмалку сребрен.

Но она што е уште поважно, го задржаа веројатно најдобриот играч на шампионатот, Шај Гилчрес Александер на само 15.поени, што е и една од основните причини за конечниот успех.

Нешто подоцна, од 14.40 часот, се игра второто полуфинале во кое ќе се сретнат уште една селекција од Европа, Германија, и од американскиот континент, САД.

СВЕТСКИ КУП 2023

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Србија – Канада    95:86

14.40: САД – Германија

 

10.СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА 3.МЕСТО

10.30: Германија/САД - Канада

ФИНАЛЕ

14.40: Германија/САД - Србија