25.08.2023

НБА ѕвездата со дабл-дабл ефект од 27 поени и 10 скока, имаше најголемо „влијание“ во удобната победа (91:71) над Мексико

СВЕТСКИ КУП 2023: Вучевиќ ја поведе Црна Гора кон почетна победа

Никола Вучевиќ сака да игра на големата сцени, а публиката во Манила беше полна со изрази како „оо“ и „ах“ секој пат кога најдобриот играч на Црна Гора ќе кош. И тој го правеше тоа на различни начини:со „ ролови“ и си забивања, тројка од лева, тројка од десна страна, со поени од транзиција - прототип на играта на силното црногорско крило.

Заврши со 27 поени (11 од 15 во обидите од поле), плус и десет скока...

Црна Гора беше +26 со него на паркетот, а Вучевиќ имаше и неколку големи блокади за да ги уништи сите надежи за враќање на Мексико. Признание плус за одличниот старт оди и кај Кендрик Пери, кој заврши  со 16 поени и 7 асистенции.

Црна Гора беше таа што погоди повеќе тројки. Постигнаа 14 (од 31.обид), во споредба со Мексико кој имаше 6 од 19 од истата далечина.

Со Литванија, означена како фаворит во групата, а Египет кој ја презема улогата на аутсајдер, ова би можело да биде победата што ќе ја однесе Црна Гора над линијата, кон второто коло.

Мексико ќе мора да бара победа или две, над Литванија и Египет, за да има шанса да оди понатаму. На овој меч ги предводеше Пако Круз со 16 поени и 6 асистенции.

*Италија ја преживеа битката со Ангола за победа на отворањето

Аѕурите се соочија со тежок предизвик да го отворат со победа Светското првенство. И некако успеаја во тоа, победувајќи ја Ангола со, на крајот, сепак високи (81:67) во првиот меч од групата „А“.

По тесните први три четвртини во стилот „напред-назад“, Италија конечно ја презеде контролата врз играта со цврста одбрана за да ја започне последната четвртина и да отвори со предност од осум поени (65:57). Ангола не можеше да се врати на поблиску од пет поени до крајот на патот.

 

Играч на натпреварот беше Симоне Фонтекио, затоа што  додека Италија се бореше да ја погодува од далечина, собира 19 поени (со 8/14 од поле) и продолжи со пет скока, две асистенции, и по една украдена топка и блокада.

Италија шутираше само 6 од 31 (16%) за три поени, но имаше високи 69% во обидите за два поени. Тимот на Џанмарко Поцеко, исто така, ја одржа Ангола со 4/29 (14%) во обидите зад линијата 6.75 метри.

За два дена, Италија ќе се обиде да направи две победи по ред и голем чекор кон второто коло со нивниот втор натпревар, против Доминиканската Република.

Ангола има втора шанса за прва победа, и тоа императивна, истиот ден, во пресметката со домаќинот Филипини.

* Пети Милс и Џош Гиди го покажаа патот за Австралија како треба да се игра, и секако, да се победува. Особено во моментите кога не оди како што треба, а тоа беше во првото полувреме од дуелот со Финска.

Австралија се мачеше со Финска, но на крајот сигурни (98:72), за доминантен почеток на нивната кампања за Светското првенство во „Окинава“ Арената.

Џош Гиди „флертуваше“ со „трипл-дабл“, подвиг што никој го нема постигнато на Светското првенство - бидејќи триумфот го заврши со 14 поени, девет скока и осум асистенции. А Пети Милс заврши со највисоки 25 поени

„Бумерсите“ беа ефикасни и прецизни, постигнувајќи нешто повеќе од половина од нивните обиди од поле со 51%. Освен тоа, промашија само едно слободно фрлање (од 17 обиди), што ја направи ефикасна оваа премиерна средба на овој Светски куп.

* Летонија ја потврди фаворитската улога во дуелот со Либан, кој на крајот го реши со убедливи (109:70).

Најголем дел од дилемите беа „симнати“ уште по првите 20.минути во кои Летонците се стекнаа со убедлива предност (55:30).

Даирис Бертанс реализираше 20.поени, Роландс Шмитс имаше уште 17 во селекцијата на Летонија која имаше уште пет „двоцифрени“ играчи на премиерата.

За прва победа во групата „Х“ во која дерби-натпреварот е закажан за 15.30 часот, кога ќе се сретнат репрезентациите на Канада и на Франција.

СВЕТСКИ КУП 2023

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

(А) Ангола – Италија        67:81

(Е) Финска – Австралија 72:98

(Д) Мексико – Црна Гора           71:91

(Х) Летонија – Либан       109:70

Доминикана – Филипини   87:81

Германија – Јапонија    81:63

Египет – Литванија         67:93

Канада – Франција     95:65