Селекцијата на САД е единствената која во првиот дел од Светскиот Куп кој се игра во Австралија, заврши со стонастотен ефект. Пет победи во пет натпревари имаат Американките кои ги прават и први фаворити за златните медали. Го потврдија тоа и со победата над БиХ (121:59), а претходно и со максимално ефикасна игра (го урнаа рекордот за бројот на постигнати поени), против Кореја (145:69).
Зад нив завршија кошаркарките на Кина со скор (4-1), а согласно со изменетиот систем за натпреварување, своите противници во четвртфиналето ќе ги бараат меѓу трето односно четвртопласираните репрезентации од групата „Б“, Србија или Франција.
Во меѓусебен дуел, овие две селекции одлучија трета да биде Србија, која стигна до триумфот (68:62). Но ждрепката ќе одлучи како ќе изгледаат двојките за четвртфиналето кое е на распоредот на 29.септември.
Таму има место и за Австралија и Канада кои финишираа на првите две позиции во групата „Б“. А за место во полуфиналето ќе разигруваат против селекциите на Белгија и на Порторико.
Натпреварувањето во Сиднеј заврши за четири репрезентации: Кореја, БиХ, Јапонија и Мали.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
ГРУПА А
Кина – Белгија 81:55
САД – БиХ 121:59
Порторико – Кореја 92:73
ТАБЕЛА
1.САД 5 5 0 536:305 10
2.КИНА 5 4 1 444:287 9
3.БЕЛГИЈА 5 3 2 364:349 8
4.ПОРТОРИКО 5 2 3 341:400 7
5.Кореја 5 1 4 346:494 6
6.БиХ 5 0 5 289:485 5
ГРУПА Б
Мали – Канада 65:88
Србија - Франција 68:62
Австралија – Јапонија 71:54
ТАБЕЛА
1.КАНАДА 5 4 1 356:301 9
2.АВСТРАЛИЈА 5 4 1 390:308 9
3.СРБИЈА 5 3 2 332:330 8
4.ФРАНЦИЈА 5 3 2 318:296 8
5.Јапонија 5 1 4 316:333 6
6.Мали 5 0 5 306:450 5
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ДВОЈКИ (29.СЕПТЕМВРИ)
САД/Кина – Србија/Франција
Кина/САД – Франција/Србија
Канада/Австралија – Белгија/Порторико
Австралија/Канада – Порторико/Белгија