01.10.2022

Во финалето ја победија Кина (83:61), „бронзена“ е Австралија која беше подобра од Канада (95:65)

СВЕТСКИ КУП-ЖЕНИ-СИДНЕЈ 2022: Американките ја одбранија светската круна

Репрезентацијата на САД е новиот-стар светски шампион. Во големото финале одиграно изутринава во „Супердомот“ во Сиднеј, стигнаа и до осмата победа во серија, сега онаа најважната која им донесе уште едно светско злато. Четвртто по ред, а вкупно 11 во нивната богата историја.

По втор пат на шампионатот кој се одржуваше во Австралија, беа подобри од селекцијата на Кина. Сега „само“ со 83:61), што е разлика под онаа со која ги победуваа своите ривали во одбрана на светскиот трон.

Третото место му припадна токму на организаторот на женскиот Светски Куп, репрезентацијата на Австралија, која беше многу подобра во дуелот со Канада. Славеа домашните кошаркарки со повеќе од убедливи (95:65). Доволно за брознените одличја на турнирот во Сиднеј.  

РЕЗУЛТАТИ – ФИНАЛЕН ДЕН

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Канада – Австралија       65:95

ФИНАЛЕ

САД – Кина  83:61