30.09.2022

Во драматично полуфинале, со минимални (61:59) го шокираа домаќинот-Австралија, Американките ја прегазија Канада (83:43).

СВЕТСКИ КУП-ЖЕНИ-СИДНЕЈ 2022: Кина ќе предизвика непобедливите Американки во битката за златото

Селекциите на САД и на Кина ќе играат во големото финале на женското Светско првенство ко деновиве се одржува на „зелениот континент“, во Австралија.

Очекувано, Американците ја продолжија својата доминација на турнирот во Сиднеј. Едоставно беа пресилни за „сосетките“ од Канада.  А тоа јасно го ставија до знаење уште во првата четвртина која ја добија со (27:7), дека се подготвени да одат до златото.

Се друго на овој меч беше обична формалност...

Малку поинакви беа работите во вториот во кој селекцијата на Кина имаше водство се до последните неколку минути во кои Австралија успеа да го стигне и да дојде до нерешени (59:59).

Но не и да го искористи последниот напад за водство. Во последните 22 секунди, Кинескињите се изборија за прекршок, по кој, на 3.4 секунди пред крајот, ги реализираа и двете слободни фрлања кои се покажаа како доволни за место во големото финале (61:59).  

 

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Канада – САД         43:83

Кина – Австралија 61:59

1.ОКТОМВРИ (САБОТА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

13.00: Канада - Австралија

ФИНАЛЕ

16.00: САД - Кина