29.09.2022

За место во финалето ќе разигруваат уште и домаќинот Австралија и Кина...

СВЕТСКИ КУП-ЖЕНИ-СИДНЕЈ 2022: Се-американско полуфинале, САД против Канада

По еден ден пауза, продолжија возбудувањата во завршницата на женскиот Мундобаскет која се игра во Сиднеј.

Најголемиот фаворит за златниот медал, селекцијата на САД избори место во полуфиналето откако со убедливи (88:55) против репрезентацијата на Србија.

А за место во големото финале за противник ја добија селекцијата на Канада. Нивниот сосед, очекувано, дојде до планираниот триумф во четвртфиналната пресметка против Порторико (79:60).

Втората полуфинална двојка на Светкиот Куп ќе биде составена од домаќинот, репрезентацијата на Австралија, и Кина.

Селекцијата од најбројната држава во светот имаше нималку лесна задача во мечот против Франција. Иако на полувремето имаа убедливо водство (50:39), тоа не беше гаранција за конечен успех. Французинките стигнаа до еден поен негатива (56:57), но немаа сили за дефинитивен пресврт. Кина се одбрани, и победи (85:71) за место во првата светска „четворка“. 

Такви проблеми немаа домашните кошаркарки, кои ја потврдија својата класа и убедливо ја совладаа Белгија (86:69).

Полуфиналните натпревари на шампионатот се на програмата на 30.септември. Од девет часот (по средноевропско време) ќе играат САД и Канада, а нешто подоцна, од 11.30.часот, стартува натпреварот Австралија-Кина.

РЕЗУЛТАТИ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

САД – Србијa          88:55

Канада – Порторико       60:79

Кина – Франција   85:71

Австралија – Белгија     86:69

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ (30.СЕПТЕМВРИ)

09.00: Канада – САД

11.30: Кина - Австралија