11.05.2020

ФИБА го потврди датумот на одржување на следниот кошаркарски Мундијал

Светскиот куп ќе се игра од 25. август до 10. септември 2023 година

Светската кошаркарска федерација го потврди датумот на одржување на најголемото натпреварување во наредниот период – ФИБА Светскиот Куп.

Најдобрите селекции во светот ќе се натпреваруваат за скапоцениот трофеј во периодот од 25.август до 10.септември, 2023 година.

Предлог кој треба да биде потврден на Централниот Борд на ФИБА, а по финалните консултации со федерациите-организатори и Комисијата за натпреварување.

Од претходно е познато дека групната фаза на Мундијалот 2023 ќе биде реализирана во три држави, Индонезија, Јапонија и Филипини.

Во главниот град на Филипини, Манила, ќе се реализира онаа завршна фаза од шампионатот, кој за прв пат во историјата, ќе биде „поделен“ во три различни држави во светот.

Повторно со 32.земји учеснички, како што беше и форматот на последниот Светски куп, одржан лани во Кина.