17.09.2020

Во решавачките натпревари, шпанците беа подобри од Остенде, а францускиот тим од Нижњи Новгород

Тенерифе и Дижон ги комплетираа „Финалните 8“ во Атина

Екипите на Тенерифе и на Дижон се последните два учесници на завршниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите.

Двете екипи забележаа победи во решавачките дуели. Тенерифе против Остенде (62:54), а Дижон против Нижњи Новгород (75:67), со што обезбедија место на завршниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите кој од 30. септември до 4. октомври треба да се одигра во Атина.

Согласно претходно реализираната ждрепка, во четвртфиналето од ова натпреварување ќе се сретнат:

Турк Телеком – Дижон

Хапоел Ерусалим – Бургос

Нимбурк – АЕК

Сарагоса - Тенерифе