30.06.2021

Фантастичен реванш на тимот од „Блауграна“ против најголемиот ривал – Реал Мадрид, неверојатни (102:63) во финалето

Теодор Симиќ и Барселона – јуниорски шампиони на Шпанија!

Реванш, и тоа каков, направија младите кошаркари на Барселона против својот најголем ривал во историјата на шпанските и европските натпреварувања – Реал Мадрид.

Каталонскиот состав имаше едно нереално второто полувреме особено во дефанзивата. Или 20.минути во кои Теодор Симиќ и неговите му дозволија на мадрискиот тим да реализира само 20 поени!!!

За голема победа, изразена со уште поневеројатни (102:63) и титула јуниорски првак на Шпанија.

Теодор Симиќ беше дел од победничкиот мозаик на екипата од „Блауграна“. Македонскиот репрезентативец одигра нешто повеќе од девет минути во кои реализираше четири поени, и по еден скок, односно асистенција.

За заборавање на оние 40.минути на евролигашкото финале во Келн, и огромна радост по освојувањето на оваа, уште поважна титула, шампионската во Шпанија!