Теодор Симиќ продолжи со репрезентативните обврски, како дел од сениорската селекција на Македонија. Но во меѓувреме еден од најмладите во ростерот на селекторот Александар Јончевски го реши и својот играчки статус.
По разделбата со Барселона, нашиот највисок сениорски репрезентативец својата кариера ќе ја продолжи како играч на АБА лигашот, Игокеа од Александровац.
Нашиот 18. годишен кошаркар се согласи на повеќегодишен договор со актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, и клуб кој веќе неколку години со успех го предводи доскорешниот селектор на нашата најдобра селекција, Драган Бајиќ.
Согласно со договореното, во првата сезона од договорната обврска со клубот од Лакташи, Теодор Симиќ ќе ја помине како позајмен играч во екипата на Борац од Бања Лука, каде низ натпреварите во АБА 2 лигата ќе го собира своите минути и пред се. играчко искуство, потребни за надградба на постоечкиот играчки талент.
Симиќ-јуниор беше најдобриот играч во нашата селекција „Под 18“ година на првенството во Измир, имаше просек од 15.4 поени, 9.7 скока и едно успешно додавање на собирот на најдобрите јуниори во Европа.
Ова ќе биде и првиот сениорски предизвик за еден до нашите најталентирани кошаркари по периодот поминат во младинските селекции на каталонскиот гигант.