03.12.2021

Познати четирите градови каде ќе се играат квалификациските турнири на јуниорска конкуренција

Теодор Симиќ со Барселона во Патра ќе брка место за евролигашки „Ф4“ во Берлин

Актуелниот македонски репрезентативец, Теодор Симиќ ќе ја стартува новата евролигашка авантура во Патра, каде наредната сезона ќе се игра еден од четирите квалификациски турнири во јуниорска конкуренција.

Евролигата направи мали промени во системот и организацијата на турнирите преку кои се обезбедуваат местата кои водат на завршниот турнир кој наредната сезона ќе се игра во Берлин.

Во 20. по ред издание ќе разигруваат вкупно 28. клубови и кошаркарски академии од 13. различни држави кои ќе бараат пласман на завршниот турнир во Германија.

Првиот турнир ќе се игра токму во Германија, но во Минхен од 21. до 23. јануари. Наредниот, би се рекло, традиционално, ќе биде во Белград (25.-27.февруари).

Третиот, на кој ќе играат Теодор Симиќ и Барселона, ќе се игра во грчката Патра од 25. до 27. март, а последниот во Варезе (од 1. до 3.април).

Новитет е дека на сите четири турнири ќе има еден специјално креиран тим „Next generation Team“ составен од играи кои не влегле во еден од оние осум тимови присутни на турнирите.

Првопласираните екипи од овие турнири ќе обезбедат билет за пат кон Берлин, каде на 29. мај ќе го дознаеме новиот јуниорски шампион во Евролигата.

ТУРНИР – МИНХЕН (21-23.ЈАНУАРИ-2022)

Алба, Баскет Брно, Касадемонт Сарагоса, Баерн, Оранж 1 Басано, Реал Мадрид, Жалгирис, „Next generation Team“

ТУРНИР – БЕЛГРАД (25.-27. ФЕВРУАРИ - 2022)

Црвена Звезда, Асвел, Лиеткабелис, Мега, Партизан, Тофаш, Валенсија, „Next generation Team“  

ТУРНИР – ПАТРА (25.-27.МАРТ - 2022)

ЦСКА Москва, Барселона, Хелсинки Баскет Академија, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Промитеас Стела Аѕура, „Next generation Team“

ТУРНИР – ВАРЕЗЕ (1-3. АПРИЛ - 2022)

Армани, Цедевита Олимпија, Хувентуд, Панатинаикос, ПФУМ Париз, Ратиофарм Улм, Варезе Академија, „Next generation Team“