17.07.2023

Во гласањето на тренерите на сите 20 селекции, нашиот стартен центар беше избран во најдобрата петорка на Европското првенство.

Теодор Симиќ во идеалните пет на шампионатот

По завршувањето на финалето на ЕП Дивизија „Б“ во Скопје, центарот на македонската младинска репрезентација Теодор Симиќ доби огромно признание.

Во гласањето на тренерите на сите 20 селекции, нашиот стартен центар беше избран во најдобрата петорка на Европското првенство.

Апсолутно заслужено, иако, веројатно, ако во финалето победеше нашиот националне тим, ќе добиеше уште едно индивидуално признание, она за најкорисне играч на турнирот.

Финалниот меч против Чешка, Симиќ го заврши со 23 поени, 7 скока и 4 асистенции, а просекот на првенството му е 16 поени, 9.1 скок и 2.9 асистенции.

Освен Симиќ, во идеалната петорка на шампионатот се најдоа уште Чесите, Ондреј Свец и Ондреј Хустак, потоа Феликс Бростом од Шведска и Олександр Кобзистји од Украина.

За МВП на првенството е прогласен Ондреј Свец.