19.08.2024

Македонија има свои претставници во оној индивидуален дел од статистиката...

Терзиевски освоил најмногу топки, а Ѓорѓевиќ е втор асистент на ЕП

Таа вели дека Жарко Терзиевски е најдобар во категоријата на играчи со најголем број на освоени топки. Просечно, бекот на нашата кадетска репрезентација има по 3.1 освоени топки. На оваа листа високо котира и Григориј Ѓорѓевиќ кој има нешто пониски 2.9 освоени топки, доволни за позицијата број 4 во ова статистичко рангирање.

Ѓорѓевиќ пак е втор на листата на играчи со најголем број на асистенции.

Во седумте настапи на шампионатот, нашиот репрезентативец собра 38. Успешни додавња, односно просечни 5.4 асистенции по натпревар, што е за нијанса послабо од водечкиот на оваа листа, Давид Јоан Расога (Романија), кој има 5.6.

Ѓорѓи Цветковски долго време беше при самиот врв на листата на најдобрите поентери на првенството. На крајот, македонскиот репрезентативец застана на просек од 16.7 поени, што значи и седмо место во крајниот поредок на листата на најдобри стрелци.