21.07.2017

Тесен пораз од Косово, ќе разигруваме против Белорусија за пласман од 13. до 16. место

Нашите младинци загубија од соодветната селекција на Косово во натпреварот кој беше прв за разигрување за пласман на Европското првенство (Дивизија Б) што се одигрува во Романија. Избраниците на Мирко Петрески го контролираа резултатот во првиот дел од натпреварот, двоцифрена предност имавме уште во првите десет минути, но концентрацијата ни опадна во вториот дел. Тоа го искористија кошаркарите на Косово за рпесврт и конечна победа од 64-66 (29-16, 12-19, 9-16, 14-15).

За нашите младинци следи натпревар за пласман од 13. до 16. место против Белорусија која пред неколку часа загуби со 83-62 од селекцијата за Холандија.

СТРЕЛЦИ
Митев (2поени), Серафимов (4), Прентовиќ (3), Робев (16), Митков (7), Маслинко (9), Ефремовски (13), Двојаковски (7), Глигоријевиќ (3)