Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска го одработи првиот тренинг пред оној официјален почетокот на ноемврискиот квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот во 2021 година.
Понеделник, 9. ноември, беше означен како ден за два тренинзи во салите кои организаторот на „балонот“ им ги стави ина располагање на селекциите кои се дел од „И“ групата.
Но поради нешто подоцнежниот термин за ПЦР тестот кој го реализира ФИБА со кој беа опфатени сите присутни на турнирот во Рига, нашиот стручен штаб мораше да ги откаже сите планирани активности.
„За жал, тоа е нешто кое не го очекувавме“- констатира селекторот Владимир Ѓоровиќ.„Искрено, се надевав дека ќе можеме да го искористиме вечерашниот термин, но добивме информација дека мора да бидеме подложени на тестирање од корона вирус, кое е задолжителен дел од протоколот на ФИБА. Ако ништо друго девојките добро се одморија по она патување од Охрид преку Скопје и Софија, до Рига“.
Затоа пак многу позначајна е информацијата дека сите во македонската експедиција кои се присутни во „балонот“ во Рига добиле негативен резултат по тестирањето.
„Фала Богу, се е во најдобар ред. Добивме негативен одговор, па можевме максимално да го искористиме времето за денешниот утрински тренинг. Прв кој го одработивме во комплетен состав. Со Бонер и со Митрашиновиќ, макар што ни недостасува Софија Лазареска. Со нив во тимот сè е многу полесно да се помине планираното. Пред нас имаше уште неколку тренинзи во кои ќе се обидеме да дојдеме до она што сакаме да го прикажеме овде во Рига“- рапортира Ѓоровиќ по првиот тренинг во главниот град на Летонија.