10.05.2025 Во финалниот натпревар, тетовци беа подобри од Ролинг Струмица славеа со сигурни (86:74), за промоција во нови второлигаши Екипата на Тетекс ТТК е шампион на Третата лига за натпреварувачката сезона 2024/2025. Во големото финале одиграно во СРЦ „Кале“, денеска, тетовци беа подобри од екипата на Струмица Ролинг, славеа со сигурни (86:74), доволно за освојување на шампионскиот трофеј во оваа конкуренција. Претходно, во натпреварот за третото место во Третата лига, екипата на Хераклеа ја совлада Гевгелија со високи (91:64).