Ждрепката за елитното натпреварување во Женева донесе „македонска“ пресметка во четвртфиналето од квалификациите.
Единствениот претставник од Македонија, за противник го доби Кемниц во чиј стручен штаб е поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов. Овој дуел за Кемниц ќе биде деби во европските купови. Победникот од мечот меѓу ТФТ и бундеслигашот во следната рунда ќе игра со швајцарскиот тим Фрибург.
Во истата група, но на другата страна од ждрепката се Лестер од Велика Британија, Волунтари од Романија и Тофаш од Турција.
Пласман во групната фаза од Лигата на шампионите обезбедува само најдобриот тим од оваа шесторка. Квалификациите за елитното натпреварување почнуваат на 21 септември.