28.07.2022

Единствениот претставник на Македонија во седмото издание на ФИБА Лига на шампиони со посебна задача...

ТФТ Скопје - организатор на квалификациска група од Лигата на Шампиони

Кошаркарскиот клуб ТФТ од Скопје ја доби довербата на ФИБА да биде организатор на квалификациска група во рамки на Лигата на Шампиони за сезона 2022/2023 каде впрочем е и единствениот македонски претставник за претстојната сезона

Освојувачот на Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ за 2022 година ќе ги нагости екипите на Лестер Рајдерс од Велика Британија, ЦСО Волунтари од Романија и Најнерс Кемниц од Германија против кого и ќе си ги одмери силите во првото квалификациско коло.

Натпреварите од квалификациската група ќе бидат одиграни во Скопје, во спортскиот центар Борис Трајковски, а квалификациската рунда ќе започне на 21. септември, 2022 година.

*Распоред на натпревари*

Во квалификациите за Лигата на шампионите се сместени 24 екипи од Стариот континент, поделени во четири групи. Победниците од сите четири групи ќе се квалификуваат за настап во регуларниот дел од сезоната, предвиден да започне на 3. октомври.