Само втор пат играше за Македонија, и веднаш покажа дека е огромно засилување за нашата најдобра селекција. Можеби перогив Норшечка поентерски беше „тивок“, но „експлозијата“ на Ти-Џеј Шортс дојде некој ден подоцна.
Поточно вечерва, против втората наша „жртва“ од Скандинавија – селекцијата на Данска.
Одигра неверојатно нашиот нов наттурализиран играч, својата „приказна“ во Гевгелија ја затвори со 33.поени, плус и шест успешни додавања, пет освоени топки. Но се чини дека повеќе од тоа импонираше неговата плејмејкерска улога, без која ништо во светот на модерната кошаркар не би било така лесно, едноставно.
„Сакам да им честитам на Данците за отпорот кој го пружија. Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние им се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец. Благодарен сум што сум тука, и благодарен сум на поддршката од сите“.