17.08.2023

Заедно со Босанецот Џанан Муса, по одигрувањетот на првата фаза, имаат просек од 20. поени по натпревар...

Ти Џеј Шортс е најдобриот стрелец во олимпските претквалификации

Потврдено уште еднаш Ти Џеј Шортс во овој момент е најдобриот наш играч во сениорскиот национален тим.

И на турнирот во Талин, она што се нарекува прв круг од олимписките претквалификации, Американецот со македонски пасош ја потврди својата класа.

По трите одиграни натпревари на турнирот во Талин односно во Гљивице, нашиот бек е најдобриот реализатор. Има просек од 20.поени на натпревар, идентичен како и ефектот на Џанан Муса од БиХ, додека веднаш зад овој ударен двоец е Золтан Перл (Унгарија) кој има просек од 19.3 поени.

Босанскиот бек, и член на Реал Мадри има и најдобар индекс на корисност по одигрувањето на првата фаза (завршната исто така ќе ја игра во Гљивице). Има индекс 23, пред Чехот Вит Крејчи со 20.3 и неговиот репрезентативен соиграч Јусуф Нукиќ кој има 18.7 индексни поени.

Нуркиќ е најдобриот скокач во овој дел од претквалификациите со просек од осум скока по натпревар, зад него се Гиорги Голоман (Унгарија), односно Сандер Раиесте (Естонија) со по 7.7.

Пољакот Матеуш Понитка е најдобриот асистент затоа што во просек има по 7.7 асистенции со кои е нешто подобар од Един Атиќ (БиХ) со 7.3, односно Вит Крајчи (Чешка) кој има 6.7. додавања.