По завршувањето на првиот круг од натпреварите, познати се и екипите кои продолжуваат понатаму во ФИБА Лигата на шампионите.
Согласно со новиот систем за натпреварување, само првопласираните екипи, вкупно осум, „влегуваат“ во ТОП 16 рундата, додека екипите кои завршија на втората, односно на третата позиција ќе играат т.н. „плеј-ин“ натпревари.
Односно според системот „подобар во три натпревари“, ќе се борат за уште осум позиции кои водат во „најдобрите шеснаесет“ од најквалитетното натпреварување во организација на ФИБА.
Директен пласман обезбедија екипите на Стразбур, Галатасарај, Билбао, Хапоел Ерусалим, Манреса, Уникаха, Тенерифе Телеком Бон, каде прв играч, и дефинитивно е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
За да дојде во ова друштво, екипата на Игокеа, која успешни ја води екс-селекторот на Македонија, Драган Бајиќ, треба да биде два пати подобра од израелскиот Хапоел Холон, во натпреварите кои ќе се играат на 3. или 4. јануари, потоа на 10. односно 11, а евентуалните „мајсторки“ на 17. или 18.јануари, 2023 година.
ДВОЈКИ - „ПЛЕЈ-ИН“ ЕЛИМИНАЦИИ
Мурсија – Пинар Каршијака
АЕК – Тофаш
Хапоел Холон – Игокеа
Бахчешехир – Остенде
Лудвисбург – Лимож
Бенфика – Дарушафака
Дижон – Перистери
Ритас Вилнус – ПАОК
ГРУПИ - ТОП 16 ФАЗА
ГРУПА И: СТРАЗБУР, ХАПОЕЛ ЕРУСАЛИМ, Хапоел Холон/Игоека, Дижон/Перистери
ГРУПА Ј: ТЕЛЕКОМ БОН, МАНРЕСА, Бахчешехир/Остенде, Ритас Вилнус/ПАОК
ГРУПА К: ГАЛАТАСАРАЈ, УНИКАХА, АЕК/Тофаш, Лудвисбург-Лимож
ГРУПА Л: БИЛБАО, ТЕНЕРИФЕ, Мурсија/Пинар Каршијака, Бенфика/Дарушафака