По одигрувањето на шестото коло од вториоt сегмент од групната фаза, познати се и осумте клубови-четвртфиналисти во ФИБА лигата на шампионите.
Последниoт круг од ТОП 16 фазата, ги промовира екипите на Телеком Бон, за кој настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, Хапоел Ерусалим, Тенерифе и Уникаха како победници на четирите групи. А воедно и носители пред ждрепката со која ќе се формирата четвртфналните двојки, планирана за 24. март во Минхен.
Можни противници во битката за „фајнал-фор“ турнирот од најсилното натпреварување во рамките на ФИБА, им се екипите на АЕК, Манреса, Стразбур и Мурсија, кои завршија како второпласирани.
Ти-Џеј Шортс и неговите соиграчи ќе ја имаат предноста на домашниот терен на првиот меч од четвртфиналето кој ќе се игра на 4.април. Наредниот натпревар ќе се игра на теренот на послаборангираните екипи, на 11 односно 12 април, а евентуалните „мајсторки“, ако за тоа биде потребно, на програмата се на 18 и 19. април.
Победниците во четвртфиналето ќе се пласираат на финалниот турнир чиј домаќин-организатор ќе биде одреден пред крајот на април.
ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
КЛУБОВИ-ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ
НОСИТЕЛИ: Телеком Бон (Германија), Хапоел Ерусалим (Израел), Тенерифе (Шпанија), Уникаха (Шпанија)
НЕНОСИТЕЛИ: АЕК (Грција), Манреса (Шпанија), Стразбур (Франција), Мурсија (Шпанија)