03.08.2023

Наредната сезона македонскиот репрезентативец ќе ја помине во „градот на светлината“

Ти Џеј Шортс продолжува во Париз

Ти-Џеј Шортс е веќе неколку дена на тренинзи во СРЦ „Кале“ заедно со соиграчите од нашата најдобра слекција. А во меѓувреме, еден од најдобрите плејмејкери во Европа, реши уште едно отворено прашање, потврди каде ќе ја продолжи својата кариера.

Изворото на 175. сантиметри високиот бек на нашиот национален состав е Париз Баскет, екипа со која постигна договор со важност од една сезона.

Во „градот на светлината“ ,Ти-Џеј доаѓа како најкорисен играч во Бундеслигата, како шампион и како најдобар во ФИБА Лигата на шампионите, како оној регуларен дел, така и на „финалните осум“ каде стигна до шампионскиот пехар.

Преминот во францускиот прволигаш му носи настапи во Еврокупот, како и во француската ЛНБ лига, но и „олеснителна околност“ за нашиот национален тим, особено ако се земе в предвид дека Шортс може да биде „слободен“ во оние ФИБА „прозори“ за квалификациите за Евробаскетот кои стартуваат во февруари, 2024 година.