25.04.2023

Интересни екипни бројки по одигрувањето на последното 22.коло

ТИМСКА СТАТИСТИКА ПО 22. КОЛА: Пелистер дава најмногу поени, Гостивар има најмногу скокови, а МЗТ Скопје највеќе асистенции

Крајот на регуларниот дел од Првата лига е добра можност да е направи еден статистички пресек во оној екипен дел.

Односно да се прегледа тимската работа на 12. екипи кои се дел од прволигашката конкуренција.  

Во оној најважен статистички параметар, поентерскиот, екипата на Пелистер е на лидерското место. Тимот кој од клупата го предводи Марјан Илиевски, во просек реализирал по 95.5 поени, што е далеку најдобар ефект во првиот дел од сезоната. Зад нивниот е учинокот на екипата од Гостивар, која засега, во просек реализирала по 90.2 поени, што е нешто повеќе во однос на гевгелиски Кожув, екипа која реализирала по 89.8 поени по меч.

Екипата од Гостивар има најдобри бројки кога е во прашање оној скокачки сегмент. Во просек, екипата од Гостивар има по 41.6 скока по натпревар, во голема мерка поради одличните скокачки способности на играчи како Корсантиа (прв скокач во лигата) и Вучковиќ. Зад нивниот е ефектот на актуелниот лидер во лигата, МЗТ Скопје Аеродом, кој е на 39.7, додека третопласирана е екипата на ТФТ Моzzart, кој има 38.6 скока по натпревар.

МЗТ Скопје Аеродром е екипата која има најголем број на асистенции. Нивната добра тимска работа во овие 22.кола е заокружена со 20.8 додавања на натпревар, што е подобар резултат во однос на оној на екипата на Еуро Никел 2005, кој има просек од 20.5, и Пелистер, кој е на просечни 20.2 асистенции.

ТФТ  Mozzart е екипата која има најдобра реализација во обидите за три поени. Тимот од Тафталиџе, има 39.3% на успешност, „пелистерци“ погодуваат со 39.1%, а зад нив, на третото место е МЗТ Скопје Аеродром чии играчи реализираат со 37.1%.

Во оние кои се вреднуваат по два поени, лидерска екипа е онаа од Битола. „зелено-белите“ погодуваат со 64.5% на успех. Што е подобро во однос на ефектот на Кожув, кој е на 61.2%, и Гостивар, екипа која реализира со 57.8% од оваа позиција.   

Од линијата за слободни фрлања, најдобри реализатори се кошаркарите на Кожув. Гевгеличани имаа 79.4% во обидите за еден поен, пред Струмица 2022 која има 78.7%, односно Гостивар, со 76.4%.

Екипата на Пелистер има и трет најдобар резултат во овој прв дел од првенството. Оној во кој се вредува бројот на освоени топки. Добрата игра во дефанзивата, особено на играчи како Стајиќ и Карутерс, ги носи битолчани на првото место на листата на тимови со најголем број на освоени топки. Имаат просечни десет „украдени“ топки. Што е подобар скор во однос на оној кој засега го има МЗТ Скопје Аеродром (9.8), и оној на Работнички (9.4).

Кога станува збор за екипи со најголме број на загубени топки, во оваа категорија предначи, интеренсо, МЗТ Скопје Аеродром, со навистина висок број на загубени топки, дури по 17.8. Повисок и пред првите следбеници како Навико Академија ФМП (17.0) и Струмица 2022 со (15.8).

ТИМСКА СТАТИСТИКА НА КЛУБОВИТЕ ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ ПО 22 ОДИГРАНИ КОЛА