09.11.2021

„Најважно од сè е сите да се здрави, да играме најдобро што можеме, па да дојдеме до победа“- вели спортскиот директор

ТОДОР ГЕЧЕВСКИ: „Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи“

Спортскиот директор на федерацијата, Тодор Гечевски направи вовед во она што следува веќе од 11. ноември. Првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023 кој ќе се одржи во Словенија и Израел, против репрезентацијата на Германија на гостински терен во Хале.

Ги стартувавме тренинзите за квалификациите за ЕП. Сите девојки кои се најквалитетни се тука. Имаме некои повреди, но се надевам дека сите работи ќе се санираат и дека со најсилниот состав ќе го стартуваме циклусот.

Имаме мал напредок во женската кошарка. Имаме повеќе екипи, две екипи кои играат во ВАБА лигата каде имаат солидни и добри резултати. Се надевам дека тоа меѓународно искуство ќе се примени во репрезентацијата и се надеваме на некој позначителен успех. Најважно од сè е сите да се здрави, да играме најдобро што можеме, па да дојдеме до победа, па зошто да не и пласман на Европското првенство, ако ни се даде шанса“ – потенцираше Гечевски на прес-конференцијата одржана во пресрет на почетокот на натпреварите од групата „А“ од квалификациите за Европскиот шампионат.