18.02.2021

По утринскиот, шутерски тренинг, селекторот ги пополни местата во записникот за мечот со аѕурите...

Тодоров ги одреди дванаесетмината кои ќе ја нападнат Италија

По утринскиот тренинг, во поголема мерка шутерски, селекторот на нашиот сениорски национален состав, Александар Тодоров ги пополни оние 12. места кои ќе влезат во официјалниот записник за средбата со Италија.

Тодоров имаше неколку дилеми, кои ги тргна непосредно по одработените 45.минути.

Се одлучи на средбата со Италија која стартува од 15.30 часот (по македонско време), да им укаже доверба на следниве играчи:

Дамјан Робев, Андреј Митревски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.