19.02.2020

Тодоров го избра тимот: Друга шанса ќе чекаат Бакоч, Ефремоски и Миловановиќ

Од конечниот список отпаднаа тројца млади кошаркари...

 

Селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, пред вечерашниот тренинг го објави списокот од 12 кошаркари за утрешниот дуел против Естонија.

Од 15.кошаркари кои беа од почетокот на подготовките, отпаднаа Филип Бакоч, Виктор Ефремоски и Марко Миловановиќ.

Овој „трилинг“ќе мора да чека некоја нова шанса за деби во сениорскиот национален тим, и согласно со утврдениот план и програма, нема да бидат во ростерот ниту за вториот дуел во овој февруарски „прозорец“, односно на гостувањето во Перм, и мечот со селекцијата на Русија, закажан за 23.февруари.

Мотив плус за нив но и за останатите членови на националниот тим беше и присуството на вечерашниот тренинг на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски, и спортскиот директор Тодор Гечевски, кои во оваа прилика им посакаа многу успех на натпреварот со Естонија.

Меч од првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2021, кој ќе се игра утревечер,  со почеток во 20.15 часот во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.